Наш изборНаш ИзборОхрид

Левица поднесе иницијатива за ослободување од партизација за престој и исхрана на децата во државните градинки

Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за донесување одлука со која престојот и исхраната на децата кои се згрижени во државните градинки на територијата на Општина Охрид да бидат ослободени од партиципација.

Образложение:
Со престојот на децата во градинките се создаваат предуслови за сите нивни подоцнежни услови во образованието и социјалната интеграција.

Градинките немаат само згрижувачка улога, туку исто како и основното образование, имаат воспитно-образовна и спортско-рекреативна улога, преземајќи вклучително и културно-забавни активности, мерки за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата.

Имајќи предвид дека основното образование согласно Уставот на Република Македонија е бесплатно, а ценејќи ја претходно наведената улога на градинките во развојот на децата, логичен след е и овој дел од образованието да биде бесплатен.

извор:Левица ЛО Охрид