Охрид

Виктор Стојанов за проблемите во фудбалот во Охрид

Бугарскиот пропагатор и главен негирач на сѐ што е македонско, Виктор Стојанов, деновиве е „многу“ загрижен за фудбалот во Македонија.

Поточно за фудбалот во Охрид, односно за тамошната општинска лига, која ФФМ треба да се запраша зошто воопшто постои бидејќи секое коло пола натпревари не се играат, а постојат и екипи што само фигурираат на табелата, колку да се има.

Стојанов на Facebook беше забележан како коментира на статус на клубот на Египќаните, ФК Пирамида, кој од годинава е реактивиран.

Стојанов со својата фондација за пропаганда, наречена „Македонија“, со егзархиски методи се обидува на разно-разни начини да убедува граѓани на државава да се направат Бугари. Летоска сакаше да инвестира во клубот Спартмани од Градско Балдовци, Струмичко, но не успеа.

Можеби следно за бугаризација е токму ова мало малцинство во Македонија, Египќаните? Дали Стојанов преку пропаганда фондацијата ќе влезе во охридскиот фудбал?

 

извор: Кајгана