По 11пат вчера се одржаа традицинналните Фолклорни смотри на Западниот регион на Македонија. Свое учество зедоа бројни Културно уметнички друштва од овој регион , а посебно пецифичен настап имаше КУД „Дримкол“ од Вевчани.
КУД ,,Дримкол” се претстави со сценската адаптација ,,На паниѓир” од авторот Валентин Соклевски, игра која целава година во Македонија и странство беше изведувана и наградувана со најсилни аплаузи. Од срце му благодариме на авторот за ова силно дело, а ние ќе продолжиме и понатака со мерак да ја играме и држиме активна на нашиот репертоар.
Фолклорните мотри беа во организација на СОФАМ.