понеделник, ноември 25, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Христијана Парулеска, „Поетска нок во Велестово’ и Леонора Чекреџи се добитници на Повелбата Патрона на градот Св.Климент Охридски

Христијана Парулеска, Интернационален поетски фестивал ,,Поетска ноќ во Велестово” и Леонора Чекреџи – постхумно се годинашни добитници на Повелбата – Патрон на градот ,,Св. Климент Охридски“ за 2023 година.
Комисијата во состав м-р Перчо Божиновски – претседател, Бојан Михајловски – заменик-претседател и членовите Арбен Демироски, Наум Јамандиев и Горан Стојаноски одлуката ја донесоа едногласно.
Христијана Парулеска оваа година постигна историски врвни спортски успеси во индивидуални спортови. Беше прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство. Таа го достигна европскиот трон и стана европска првенка со освоени два медали, златен во борба и сребрен во категоријата борба со замислен противник.
,,Поетска ноќ во Велестово” е интернационален поетски фестивал, и е најзначајниот меѓународен настан од областа на поезијата во нашиот град и го привлекува вниманието на поети од цел свет.
Леонора Чекреџи беше спикерка и водител која својата 40-годишна кариера ја помина во Радио Охрид. Таа беше најпознатиот глас на Охрид, кој му даваше боја и убавина на градот.
До Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија беа пристигнати пет пријави.
Покрај пријавите на гореспоменатите беа и кандидатурите на Сашо Димоски и Лила Каранфилоска.