четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Левица: Вработен во СВР Охрид на социјалните мрежи објавил иконографија од Илирида

Самет Амети, вработен во СВР Охрид како водич на безбедносен сектор,чија сестра била висок функционер на ДУИ на социјалните мрежи објавил иконографија од Илирида, искажувајќи ги своите иредентистичко – шовинистички ставови. Ваквите ликови, вработени во МВР од страна на дваесетгодишниот коалициски партнер на СДС и ДПМНЕ, терористите од ДУИ, не можат да бидат вработени во институции во кои граѓаните треба да имаат целосна доверба и да бидат платени со народни пари, се вели во соопштението од Левица Охрид.

Во продолжение на истото се додава:

Секој вработен во МВР на РМ, има обврска да го брани суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ, да се грижи за одржување на јавниот ред и мир, како и за безбедноста на секој граѓанин, независно од нивната етничка и верска припадност.
Вакви ликови кои сонуваат сон за некакви големи држави не се соодветни да бидат вработени во МВР на РМ.

Левица Охрид бара од СВР Охрид веднаш да реагира внатрешната контрола и Самет Амети, водач на безбедносен сектор, под итно да биде соодветно санкциониран.
Оливер Спасовски, министер во МВР, оваа личност не треба да ја барате со денови, вработен е во СВР Охрид.

извор: Левица Охрид