АктуелноОхрид

Четворица охриѓани државни прваци во бокс

Одлични резултати постигнаа охридските учесници на Државното првенство во бокс што се одржа во Штип.

Вкупно осум боксери од клубот „Алексо Огненовски” се натпреваруваа во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
Со златни медали, односно со титула државен првак се стекнаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски.

По ова, охридските боксери ги очекува следен предизвик. Викендов, на 2-ри декември членови од овој клуб ќе учествуваат на Купот Open Balkan во Зрењанин, Република Србија.

 

извор: ОхридПрес