На 25.11.2023 во 23.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 36 годишен жител од охридското село Долно Лакочереј. При преглед во неговиот автомобил „рено“, извршен на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид