Снегот кој заврна синоќа и кој беше многу воден направи и проблеми. Падна дрво кај градинката на ул Ванчо Питошески.
За среќа беше неработен ден, па немало никој за време на несреќата. Дознаваме дека има причинето само штета, затоа што ова место се користи како паркинг, па дрвото оштетило неколку автомобили.
Инаку да потсетиме дека јавноста често бурно реагира кога комисијата ќе донесе одлука за сечење на дрвја. Ова е доказ, дека и дрвјата стареат, па треба навремено да се проверува кои дрвја треба да се исечат, а на нивно место да се засадат нови.