Партијата Левица од Охрид до медиумите испрати соопштение во кое го обвини градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков дека го избришал неговиот пост на ФБ во кој изнесе личен став околу грозоморните борби со кучиња и побара правно расчистување на случајот.
Левица од Охрид тврди дека постот е избришан, што не е точно, бидејќи постот и во овој момент стои на неговиот приватен Фејсбук профил, каде Пецаков изнесува лични ставови.
Дали од Левица направиле превид или пак се работи за обид за манипулирање на јавноста останува да видиме бидејќи од Левица до овој момент во јавноста не е пристигнато повлекување на соопштението или негово појаснување.