четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Дали „екологистите“ знаат колку жив свет умира на „Кеј Македонија“ во Охрид ? !

Вчерашната видео вест со малото змивче кое го снимивме на „Кеј Македонија“ во Охрид , го отвора прашањето: Дали екологистите знаат колку ракови, риби, желки, змии, алги  и останати живи организми езерото исфрла на „Кеј Македонија“ во Охрид , каде живите суштества умираат без моижност бранот да ги повлече назад во езерото ?

ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА КЕЈОТ И ПРАВЕЊЕ ПОЛУКРУЖЕН ЅИД ПРОПАДНА ОД КАКО ЕКОЛОГИСТИТЕ ФИНАНСИРАНИ ОД ВЛАДАТА НА СДСМ ЈА ПОБЕДИЈА ЛОКАЛНАТА ОД СДСМ ВО ОХРИД

Иако беа обезбедени финансиски средства кои не беа од буџетот на општината туку беа „европски пари“, пропаднаа сите обиди на градоначалниците да го обноват кејот, токму заради големото влијание на т.н. еколошки Фејсбук иницијативи и невладини организации, па можноста да се обнови кејот и да се изгради полукружниот ѕид пропадна токму во 2020 годинакога  во градот беше градоначалник од СДСМ, со што се покажа дека еколошките невладини организации , иницијативи и активисти ( кои сега се финансирани од Владата ) се покажаа како повлијателни и по моќни и ефективно го попречија и на крај го „уништија“ реализирањето на овој проект кој ќе го спасеше од смрт живиет свет кој секојдневно умира на кејот.

ТОНИ ФЛОРА И ФАУНА ЗАВРШУВА НА ДЕПОНИЈА

Охридското Езеро кое спаѓа во категорија на големи води секој месец барем еднаш на кејот во центарот на Охрид исфрла тони флора и фауна која останува на плочникот да угине и заради конфигурацијата на кејот , кој практично е ѕид поставен на брегот не се враќа во водата.

Езерото при јужен ветар на неговиот јужен брег кај Поградец и Свети Наум може да се спушти и до 80 сантиметри, додека во Охрид да се подигне и до 60 сантиметри за само неколку минути, додека е погодено од ветрар.

Кејот во Охрид во тие моменти не е погоден за движење, преирен е со вода, а потоа, следниот ден кога ветрот ќе стивне ЈП Охридски Комуналец подига тони мртва флора и фауна и ја носи на депониите.