Исклучена е од стујата во ЈП за Комунални дејности од Општина Дебрца, каде работи и системот за водоснабдување. Со ова без вода остануваат над 2000 жители ширум селата на Дебрца кои се приклучени на пумпни станици. Вода нема ни на Охридскиот аеродром, болницата Систина нефрологија и поголем број угостителки објекти околу селото Подмоље кои се наоѓаат во Општина Охрид, а со вода се снабдуваат преку Дебрца.
извор: Охрид 1