петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Остварен разговор со родител чие дете -малолетник манифестирал врсничко насилство во основно училиште во Охрид

На 16.11.2023, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид извршија разговор со лице на (42) години  од Гостивар, мајка на малолетник, со привремено живеалиште во Охрид.

Разговорот, како превентивна мерка, е воден по констатирањето дека таа ја запоставува својата должност за грижа и воспитување на малолетно лице, по што е запознаена со казнените одредби по тој основ.

На 19 октомври 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во едно основно училиште во Охрид одржаа средба со наставниците и членови на Советот на родители со цел преземање превентивни мерки по пријавено врсничко насилство, манифестирано од синот , инаку ученик во школото.