петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Гостиварчанка, мајка на малолетно дете во Охрид ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на синот, а тој манифестирал врсничко насилство во училиштето

На 16-ти ноември 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид извршија разговор со 42-годишната жена  од Гостивар, мајка на малолетник, со привремено живеалиште во Охрид.

– Разговорот, како превентивна мерка, е воден по констатирањето дека таа ја запоставува својата должност за грижа и воспитување на малолетно лице, по што е запознаена со казнените одредби по тој основ. На 19-ти октомври 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во едно основно училиште во Охрид одржаа средба со наставниците и членови на Советот на родители со цел преземање превентивни мерки по пријавено врсничко насилство, манифестирано од синот  инаку ученик во школото, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид