вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

СВР Охрид со детали за пожарот во куќа во Требеништа

На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на лице на (77) години  од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг  на (79)години  и нејзината сестра на (70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид.
Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.