АктуелноОхрид

Картите за големиот стенд ап настан на Бојан Велевски во Театарот се распродадени!

Картите за големиот стенд ап настан на Бојан Велевски за утре во Центарот за култура се распродадени!

Настапот е утре (сабота), на 11-ти ноември 2023 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ со Охрид со почеток во 20:00 часот.

Инаку турнејата започна од Прилеп, по што следуваа Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Битола, Куманово, Тетово и Штип. На овие настани турнејата собра над 5.000 луѓе.

Настапот во Охрид е утре,  а за овој настап, Бојан вели дека за него е од особено значење:

– Во овие десетина години кариера како комичар, со Охрид сме се дружеле прилично ретко. Затоа овој настан од турнејата ми е еден од најважните затоа што сега охриѓани ќе можат да ме видат во едно вистинско светло. Ветувам спектакл и смеење на секои 20 секунди полни 75 минути, открива Велевски за OhridPress, кој е медиумски партнер и го поддржува настанот.