АктуелноОхрид

Кривична пријава за 44 годишно лице за „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од штипското село Таринци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 20.10.2022, по објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој ширел говор на омраза.

извор: СВР Охрид