Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.
На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот.
Градоначалникот и амабасадорот разговараа и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, исполнување на препораките од УНЕСКО и за можностите за странски инвестиции во Охридскиот регион.
Градоначлникот го запозна амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и мерките кои се преземаат за воспоставување на финансиска стабилност на општинскиот буџет. Се разговараше и за теми поврзани со богатото културно наследство на Охрид и континуираната поддршка на Австриската амбасада на фестивалот Охридско Лето.