АктуелноОхрид

Штрајкот на контролорите на летање што беше најавен за денеска е одложен – ставен е во мирување

Штрајкот на контролорите на летање што беше најавен за денеска е одложен, ставен е во мирување.

По маратонскиот состанок во Министерството за транспорт на кој присуствувале претставници на синдикатот, директорите на Македонска навигација Мнав како и претставници на Министерството заедно со ресорниот министер Бочварски било договорено да се разгледаат барањата на синдикатот кој обвинува за партизирани вработувања и застарена опрема, објави 24.mk.

Од Министерството за транспорт доцна вечерва рекоа дека на денешната средба се постигнал договор за согласност за решавање на барањатаотворени од Синдикатот на Мнав (ССКЛ).

– Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, – велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат со заеднички координации за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни, а била постигната согласност да се работи на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека заедно со менаџментот на Мнав стојат на ставот за спроведување на барањата на синдикатот.

Инаку, контролорите на летање најавија дека ќе штрајкуваат секој четврток, шест часа во денот, при што во тој период нема да има полетувања и слетувања на двата аеродороми, скопскиот и охридскиот.

извор: 24.mk