Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Охридскиот Карп тим ,,Зеленко,, победник во спортски риболов во Кичево

Двајцата охриѓани Филип Серафимоски и Илија Стефаноски го освоија првото место во спортски риболовен натпревар “Anglers carp cup” Кичево,кој викендов се одржа на акумулацијата Осломеј, Кичево.

Охридскиот тим КТ “Зеленко” беше најуспешен со уловени  40 парчиња риба -крап во вкупна тежина од 83 100, при што се најдоа на врвот на табелата од вкупно 14 тимови.

За уловено најголемо парче риба со награда се здоби Филип Серафимоски од победничкиот тим, кој улови крап со тежина од 7 920.

Филип Серафимоски со најтешкиот улов.

 

 

 

ohrid1.com