недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Пазарната инспекција затвори неколку маркети во Струга и Скопје – не ја почитувале Владина одлука за гарантирана цена

„ Затворено од пазарна инспекција “ – ова стои на вратата на ланци на маркети во Скопје и Струга . Државниот пазарен инспекторат стави клуч на врата на пет маркети во овие градови, а казнети се уште два во Кичево. Мерките се преземени оти маркетите не ја почитувале Владина одлука за гарантирана цена , но имало и прекршувања на останати законски прописи со што потрошувачите биле донесени во заблуда . Маркетите покрај пломбата од пазарен инспекторат треба да платат и казна во вкупен износ од над 4 милиони денари, објави АЛФА.МК.

Прекршоци по одлуката за мерките на владата, за намалување на прехранбените производи на 25 категории на производи, каде што треба да стои видлива ознака „ гарантирана цена “ . Имаше случаеви каде не стоеше „гарантирана цена“ , а е намален производот , а имаше случаеви каде стои „ гарантирана цена “ , а не е намален производот или пак стои продукт и цена и гарантирана цена а истиот не е намален, вели Директорот на пазарен инспекторат Горан Трајковски .

Мерката „ гарантирана цена “ , Владата ја донесе минатата недела , а маркетите имаа пет дена да се прилагодат за нови цени .

Директорот на пазарен инспекторат најави дополнителни засилени контроли од утре, а убедува дека компромис немало да има за никого .

Текстот во целост на: АЛФА.МК