На Фестивалот за сирење во Бра е претставена македонската ризница на гастрономски и културни традиции.
Македонските сирења предизвикуваат голем интерес на саемот во Бра се : биено сирење од Мариово што го произведува Спасе Чокревски, козјо од Даниел Мирчески и овчото на Албана Маркоска од Прилепскиот регион.
????Во текот на вториот ден на фестивалот се случи и интересна работилница- Номадската преселба на стоката и Патување низ гастроносмкото наследство на Македонија, што ја водеа професорите Слободан Чокревски и Анѓела Пасквале од Слоу Фуд Македонија.
Менито богато и вкусно со предјадење, главно јадење и дестерт, се разбира со ѕвездата на настанот, сирењето.
????Почетокот беше со нашите гастрономски знаци на препознавање – качамак, овчо сирење, похувана тиквица аранжирана со пинџур и чипс од сланина.
????Главното јадење беше омиленото тавче- гравче со пастрма и биено сирење, додека десертот е Мијачки, малку модифициран, со павлака, мед, крем од лешник, орев и слатко од смокви. Раскошно, вкусно, јадењата се коментираа со восхит а учесниците на работилницата ветија дека следниот одмор ќе го поминат кај нас, со истражување на вкусовите на Северна Македонија.
На оваа работилница во комбинација со овие јадења беше и виното Станушина на Наумчеви, Вранец од Брзанов BBrzanov Winery – Винарија Брзанови Темјаника од Ерос ВВинарија Ерос а исто така беше дегустирана и жолтата ракија од В’К.
Штандот на Слоу Фуд Македонија, чие присуство на Cheese е овозможено од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, постојано ги пречекува посетителите со претпознатлива љубезност и интересна програма на разновидни дегустации и активности.
Известувач од Бра: Вања Тодоровска