АктуелноОхрид

Казнети 39 пешаци кои извршиле небезбедно минување на коловоз

На 12.09.2023 во перидото од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, при преземени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 39 пешаци кои извршиле небезбедно минување на коловоз, односно преминале улица надвор од обележан пешачки премин (Охрид-14, Струга-15, Кичево-07, Дебар-03). Против нив се поднесени соодветни платни налози.

извор: СВР Охрид