АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Многубројната публика имаше можност да ужива во неповторливи интерпретации и интересни аранжмани на познати музички композиции

Прекрасна музичка вечер приредија Горан Папаз, Ансамбл „Билјана“, Танче Гроздановски и Ратко Даутовски на свеченото отворање на првото издание на „Охрид џез фестивал“. Многубројната публика имаше можност да ужива во неповторливи интерпретации и интересни аранжмани на познати музички композиции.
Се радувам што со организирањето на оваа дводневна фестивалска манифестација, Охрид отвора една нова страница во развојот на културно-уметничката понуда за љубителите на музиката. Посакувам овој џез концепт да прерасне во традиција и да стане препознатлив белег за нашиот град.
Во рамки на програмата, вечерва во предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 20:30 часот ќе може да го проследите концертот на Џон И. Апелгрен квартет, пишува градоначалникот Пецаков.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA