Охрид

Среќен почеток на сите чинители на образовниот процес во новата учебна година

Ученици со успех! Наставници мудро да ги водите учениците низ учебната година! Родители давајте ја поддршката секогаш кога е потребна.
За успех не се од корист многуте дезинформации кои се пласираат во однос на образованието и успешниот почеток на учебната година.
Чинителите на образовниот процес не треба да бидат дефокусирани и исцрпени од разни невистини туку со нова сила и позитивна енергија да ја започнат годината.
✔️Учебници за учениците на почеток на учебната година ќе има. И оние кои се во фаза на печатење ќе бидат дистрибуирани во месец септември. Учениците ќе го црпат знаењето и од самите наставници и од учебници.
✔️Никој наставник нема да остане без работа со имплементирање на Новата концепција, ниту ќе остане без часови, доколку директорите на училиштата успеат правилно да изменаџираат. Напротив, наставниците изминативе 7 години добија 55% зголемување ( со септември) и ќе земат и К15.
✔️За образовниот процес се грижиме и со тоа што само оваа учебна година 55 училишта ќе ја започнат со значително подобрени услови за настава.Се инвестираат над 4,5 милиони евра обезбедени во буџетот на МОН преку одделението за капитални инвестиции, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти и проектната единица за унапредување на основното образование.
✔️Во Охрид МОН и Владата инвестираат во тековната година:
– Енергетско ефикасна фасада и нова дограма во основното училиште ,,Св.Наум Охридски” во с. Пештани
– Привршува целосното реконструирање на угостителско училиште заедно со ученичкиот дом во кој државата вложи 1,8 милиони евра.
– Набрзо започнува и реконструкција на студентскиот дом ,,Никола Карев” за кој се издвоени 2 милиони евра .
Впрочем, во охридските основни и средни училишта државата преку МОН во овие 7 години вложила повеќе од 5 милиони евра .
✔️Со поврзување на образованието со стопанството успеавме на ниво на цела држава повеќе од 250 фирми да имаат склучено меморандуми за соработка и поддршка на стручните училишта. Во Охрид сите три средни стручни училишта имаат дуални паралелки така што секој ученик кој ќе се запише во дуална паралелка, како и учениците кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење ќе имаат можност да аплицираат за стипендија во вредност од 3500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината.
✔️Се грижиме и за инклузивното образование со вработување на 800 образовни асистенти во основните училишта во целата држава, од кои 10 се вработени во училиштата во Охрид. Со новите Закони за средно и за средно стручно образование кои се во изработка, образовни асистенти се предвидени и во средните училишта.
✔️Вистината е дека образованието е стожер на секое општество и негова движечка сила и секој еден треба да има еднакво право на образование. Нека оваа учебна година биде успешна на секое поле и во секој сегмент.
Срдечно,
Жаклина Лазаревска, Пратеничка и Претседателка на собраниската комисија за образование, наука и спорт