Охрид

Охрид меѓу општините кои се дел од проектот на USAID „Здружи се за заедницата“

Канцеларијата на USAID во Република Македонија и Здружението „Конект“ денеска ќе го промовираат Проектот на USAID „Здружи се за заедницата“.

На промоцијата ќе биде презентиран Извештајот за проценка на капацитетите за самоодржливост во избраните општини во Македонија и ќе биде претставена дигиталната платформа за граѓанско учество „Комунити“.

Официјално ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка со партнерските општини Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението „Конект“ и Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на USAID во Република Македонија.

Проектот на USAID „Здружи се за заедницата“ е имплементиран од Здружението „Конект“ во партнерство со Фондација „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН.

 

 

inpress.mk