АктуелноОхрид

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат„Струшките вечери на поезијата“

Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечерсвечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“,коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ сопочеток во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата сосадење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“,македонскиот поет Влада Урошевиќ. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, ќе се одржи под мотото „Чувствотворен јазик“. Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашнипоети од постарата, но и од помладата генерација.Во рамки на програмата ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на наградата „Златенвенец“, Влада Урошевиќ.

Настанот ќе биде на 26 август во катедралната црква „Св.Софија“ во Охрид.Пред поетскиот портрет на Урошевиќ, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи свечен настанпо повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседателна првиот фестивалски одбор.Чествувањето на Шопов ќе продолжи со изложба на фотографии поврзани со неговотоучеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето иразвојот на фестивалот. Ќе бидат промовирани и негови преведени изданија на неколкујазици.Годинешната програма предвидува и портрети на добитникот на наградата „Мостови наСтруга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година,Димитар Башевски.

Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан сонастапот на избраните поети од платформата „Версополис“.По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрматана СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет.Од СВП најавија и Тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“.Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“,оваа година ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски.Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.