Во периодот од 16-ти до 19-ти август во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи TechCamp (Технолошки камп) за справување со дезинформации преку образованието наменет за наставници од сите предметни области во основното образование заинтересирани за инкорпорирање на технологијата и вештините за медиумска писменост во нивната наставна практика. Овој камп е организиран од Центарот за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД(https://dig-ed.org/mk/) од Скопје, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и тимот на TechCamp на Стејт департментот на САД.
Технолошки кампови е програма за јавна дипломатија на Бирото за образовни и културни прашања (ЕЦА) во Стејт департментот на САД. Повеќе информации за програмата на глобално ниво може да се прочита на
На технолошкиот камп во Охрид ќе учествуваат 40 наставници и осум ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и Северна Македонија. Кампот се состои од седум практични работилници, со кои се поврзуваат ментори од приватниот сектор, академијата и невладини организации со македонските едукатори. Покрај учество на работилниците, учесниците на кампот ќе работат во мали групи за да развијат практични иновативни решенија поврзани со најновите трендови и најдобри практики во образованието за медиумска писменост, борба со дезинформациите и лажните вести, како и основите на сајбер безбедноста.