АктуелноОхрид

Министерката за култура од сцената на „Охридско лето“ ги искара охридските угостители -„Кафанџиите“ да не наплаќаат како да наплатуваат воена оштета!

И вечерва и повторно, по 365 дена, добре дојдовме на уште едно, 63-то „Охридско лето”! Вака го почна својот говор министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска на отоврањето на фестивалот.

На почетокот министерката ги ги пофали создателите на овој фестивал, кои ги нарече „луѓе со огромна визија, со бескомпромисна љубов и со неизмерна почит кон македонската акустична култура и уметност“.

– Претпоставувам дека на тој пат тие тргнале „вооружени” со храброст и трпение да му се спротивстават и на сомнежот, можеби и на потсмевот, на суетите, и на прогнозите за краток век на идејата да се роди нешто големо и нешто што ќе трае. Зарем тоа не е порака, рече меѓу другото таа и продолжи за светот, во кој секојдневно ударни наслови се лошите и лажните вести, вестите од културата одат сè подолу, до невидливост.

-За среќа, оптимистите и уметниците вестите ги читаат со поинаков редослед. Тие знаат дека без уметноста, животот би бил неподнослива празнина. Затоа, „Охридско лето” е подарок, рече таа пред самиот крај.

Но, на крајот гласно пред сите, среде Охирд им порача на охриѓани, односно на охридските угостители:

-Летната сезона во Охрид не трае долго време и затоа квалитетот, а не квантитетот му прилега на овој древен и скапоцен македонски град. Затоа имам една порака. Поради „Охридско лето”, и годинава на гости ќе ни дојдат многубројни уметници од целиот свет. Ги замолувам угостителите да не им наплатуваат како да треба да платат воена отштета или некои други ненамирени долгови од векови наназад. Ако овие зборови на луцидниот Душко Радовиќ допрат до нашите домаќини, им благодарам, ги прекори министерката охридските угостители.

извор: mms.mk