АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Екипи на „Г. Гробишта“ два дена чистат додека вашиот Портпарол се сонча и исмејува, а вие извршивте и ексхумација

Додека вашиот портпарол се сонча и место него друг ви држи прес, екипи на ЈП „Градски гробишта“ веќе два дена работат на уредување на гробиштата од невремето.

СДСМ Охрид,

Бевте казнети со кататстрофален пораз затоа што не бевте во служба на охриѓани и си поигрувавте со нивното достоинство.

Безобразно и нехумано е да се користат верски празници или невреме за да ја критукувате неосновано хигиената и чистотата на градските гробишта.

Непобитен факт е дека јавното претпријатие е со целосно намалени дневници и службени патувања и репрезентација.

СДСМ Охрид е најкриминална партија затоа што го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари.

Зборувате за човечко достоинство, а по налог на вашиот џелат во образование извршивте ексхумација, без нималку срам и почит откопавте гроб.

Продававте над 250 гробни места, наплатени, но никогаш не се изработени за кои граѓаните плаќаа 80 000 до 100 000 денари.

Критикувате без аргументи, а заборавате дека не дозволувавте закоп на покојници сè додека не се плати целосно гробното место.

Охриѓани гледаат дека во Охрид се работи домаќински и посветено како од страна на Локалната самоуправа, така и на раководствата и вработените во јавните претпријатија.

Охрид се сака со работа и дела, а не со деструкција за која СДСМ се експерти!


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид