АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Во ноќен клуб во Охрид го удриле со пиштол и му го одзеле возилото

БИЛТЕН НА МВР

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  три лица едно на возраст од 26 години од скопското село Горно Врановци,  другото на 22 години од Арачиново и  третото на 29 години од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Лицата успеале со пиштол да влезат во ноќен клуб и на 25.04.2023 година, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во ноќен клуб во Охрид, физички нападнале лице од Охрид по што  со пиштол го удриле во пределот на главата и, му го одзеле неговото моторно возило.

Извор СВР Охрид