АктуелноОхрид

Втора интервенција во последното деноноќие на оперативниот центар на ПСС

Во 12:05ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од страна на група спортисти од Охрид, кои над с. Рамне изведувале редовен трениг за планинско трчање, при што еден член од групата се здобил со повреда на коленото што го оневозможило неговото движење. Еден тим на ПСС, со теренско возило веднаш се упати на терен и по укажаната прва помош, во 13:40ч. повредениот беше спуштен во Охрид.
По синоќешната потрага на исчезнато лице во Дебрца, која траеше до раните утрински часови, ова е втора интенвенција на ПСС во последното деноноќие, што се надеваме дека не претставува лоша најава за претстојната сезона.
На сите авантуристи им посакуваме убави и безбедни планински моменти, а доколку се најдат во било каква неприлика, веднаш да побараат помош.

извор: ФБ Црвен крст