четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Блиска средба на две лица со Мечка во Охрид

Преплашени до смрт,две деца на 13 односно 14 годишна возраст синоќа околу 20.30 минути додека се движеле по велосипедската патека во комплексот Горица,во непосредна близина за претседателската вила, патот им го препречила мечка. Изгубени од страв, ги фрлиле велосипедите и трчале кон стражарницата на претседателската вила, каде и биле засолнати.

Полицаецот кој се погрижил за децата и го побарал нивниот родител,им кажал дека иако комплексот е целосно осветлен и во вечерните часови и полн со рекреативци, мечката веќе неколку дена е забележана на просторот од Горица до Свети Стефан. За настанот посведочи родителот на дечињата, кој е познат на нашата редакција, но не сакаше да зборува пред камера. Кога отидов да ги земам велисипедите кои децата ги фрлиле сред улица, затекнав двајца велисипедисти и други двајца кои џогираа-исплашени ги пренесов со мојот автомобил ,а на велосипедистите им правев пат безбедно да се симнат –раскажува нашиот соговорник.

И ова не е прв пат, веќе неколку месеци мечката се симнува сред град, во најфрекветниот и најатрактивен комплекс каде има хотели и веќе се полни со странски туристи. Мештаните стравуваат некој да не настрада, бидејќи се сомневаат дека таа не е сама.

“Поминува преку пат низ кој што поминуваат и рекреативци, велосипедисти, дечиња кои одат на училиште во ближното училиште во Рача од населбата Шипокно, Свети Стефан. Пешки доаѓаат и ризикот е многу голем да се сретнат со мечката на овој простор. Нејзиното присуство со помало мече, таа е по агресивна и поопасна доколку сретне луѓе или деца”-вели пчеларот Благоја Алач.
Од почетокот на годинава до сега мечката уништила преку 200 пчелни семејства на потегот од Горно Коњско до Горица. Се обративме вели Алач до сите надлежни иституции, но никој не превзема ништо.

Мечката е заштитен дивеч,но доколку претставува опасност има процедура по која треба да се постапи,ние немаме задача за успивање и дислокација на дивото животно,велат од Националниот парк Галичица. Тоа е обврска на Министерството за земјоделство кое треба да го задолжи инспекторот по лов, да постапи согласно законот. Сопствениците на пчеларниците иако се обратиле за помош, немаат никаков одговор за отстранување на мечката од овој простор. Единствено, од подрачната единица на министерството е извршен увид за процена на штетите, но тоа не го решава проблемот,посебно сега на прагот на сезоната. Како тргнало, туристите на разминување ќе си велат добро вечер со мечките сред туристичкиот центар. Ако подолжи вака во Охрид ова лето ќе има повеќе мечки од луѓе, реагираат охриѓани.

 

alfa.mk