Здружението на граѓани Св.Василиј од с. Куратица ќе го реализира проектот „Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион“.Општата цел на проектот е зголемена економска активност на младите и жените од руралните заедници, во областа на алтернативниот туризам, а специфичната цел е подобрена и развиена инфраструктура и понуда за развој на туризмот во пределот на плаќенскиот регион. Вкупниот буџет на проектот е 615 000 денари , односно 90% финансирани од Европската Унија, а 10% учество на апликантот. Спроведувањето на проектот е започнато од 01.06.2023 и ќе трае 6 месеци.
Проектот „Младите за развој на туризмот во Плаќенскиот регион“ е финансиран од Европската унија, како под-грант преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“.
kuratica.eu