Во понеделник, на 5-ти јуни 2023 година, ден по празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, во црквата „Света Софија“ во Охрид, храмот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кој во еден период од своето десетвековно постоење служел и како соборен храм на древната Охридска архиепископија, ќе се одржи заедничка литургија на македонските и владиците на СПЦ предводени од српскиот патријарх Порфорие, како и свештенството на ПОА, која на последниот црковен сабор во Белград доби канонски отпуст.
Со заедничката литургија со која се заокружува интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА, практично се комплетира целиот процес кој започна со доделувањето на Томосот за автокефалност од страна на Српската православна црква пред точно една година, јави Тв24.
Како што објавија српски и бугарски медиуми деновиве, архиепископот на ПОА Јован станува митрополит на Крушевско-Демирхисарската епархија, неговиот досегашен викарен епископ Давид, станува викарен епископ на архиепископот на МПЦ-ОА Стефан.
tv24.mk