вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

ВМРО ДПМНЕ: 8 години по саеми, а резултат, Македонија е последна неоткриена дестинација во Европа!

Осум години да си на чело на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, осум години да си главен чинител во туризмот, осум години твојот лик да се гледа само и единствено на светските саеми и после осум години да се појавиш и да изјавиш дека Македонија е последната неоткриена дестинација во Европа, значи само едно – дека си недоветен (простете на израз), се вели во објавата на ФБ од Централна комисија за туризам на ВМРО – ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Се наоѓаме на прагот на туристичката сезона, а сè уште ги очекуваме:
– Промените на Законот за туристичка дејност;
– Промените на Законот за угостителска дејност;
– Промените на начинот на субвенционирање на странскиот организиран туристички промет;
– Националната Стратегија за туризам;
– Стратегијата за развој на руралниот туризам;
– Туристичката инспекција;
– Дигитализацијата во туризмот;
– Развојот на алтернативните форми на туризам…итн, итн.
кои дотичниов, самопрогласен директор ги најавува осма година со ред.
Осум години говориме дека туризмот во Македонија е нешто што се случува стихијно, наместо да е плод на макотрпна работа, мудри политики и визија за развој.
Осум години говориме и за тоа дека оваа неспособна влада предводена од ДУИ и помалиот партнер СДС, не го препознава значењето на туризмот за македонската економија, за што сведочат константните кратења на средствата од буџетот за целите на туристичкиот развој.
Од новинар по професија, кој магистрираше во областа на туризмот од позицијата на директор, не ни може да се очекува било што, освен убави зборови.
Но, како рекол големиот Делчев? „Ќе бидете многу наивни ако им верувате на нашите зборови, гледајте ги нашите дела“!
Ние сме потомци на Делчев директоре, затоа биди сигурен дека воопшто не сме наивни!
Е сега, кога сме кај делата:
– На колку саеми присуствуваше за да нè просветлуваш дека нашата дестинација треба да пулсира (а не пулсира) 12 месеци?
– Што се случува со инфраструктурата во Македонија, освен најавата за Коридорите проследена со скандали од милионски размери?
– Автопатот Кичево-Охрид не е повеќе Стратешки приоритет или сите туристи ќе ги носиш со авион? Размисли и за хелихоптер! Ова чисто како идеја бидејќи и онака само ги препишуваш нашите идеи!
– Што придонесе како директор на Агенцијата за да ја елиминираш можноста (како што велиш) туристите да ни ја претрчуваат дестинацијата и да ни заминуваат во друга?
– Во кои црни човечки ресури ќе вложуваш кога сите ги избрка во Хрватска и светот?
– Уште колку години да го очекуваме развојот на активниот и руралниот туризам?
– Каде се брендовите, светските хотелски ланци и инвестициите во туризмот за кои говориш од далечната 2015 година?
– Не можеш да имаш нова визија, АКО не си ја постигнал претходната!
– Зарем ти личи после толку посетени саеми во светот да кажеш дека промоцијата воопшто ја нема? Свесен ли си дека народ те плаќа за да ја промовираш државата?
– Е сега туризмот зелено ќе закрепнувал, развојот на руралниот, еко-туризмот, алтернативните форми на туризам, дигитализација на секторот биле високо потенцирани во стратешкото планирање на АППТ за 2023 година, исто како што беа во 2015 година!
– Секако, зголеменото присуство на туристичките саеми не се отфрла, всушност само тоа и го правиш цели осум години, но прашањето е кој е резултатот?
– Македонија е последна неоткриена дестинација во Европа – тоа е резултатот!
– За придобивките кои МОЖЕ да се добијат, да ни кажеш откако ЌЕ се добијат!
– Од очекуваме, предвидуваме, планираме, се надеваме, треба да и ќе….ДОСТА НИ Е!
Ама, во 2025 година ќе сме ја надминеле 1988 година?! Добро е!
Во 2025 година од тебе ќе имаме само лош спомен!
За среќа, ти изминуваат последните денови како директор па конечно грижата за македонскиот туризам ќе ја преземе некој кој знае да донесе резултати и нова иднина за македонскиот туризам, иднина во која сите веруваме!
За крај, една добронамерна препорака. Врати му се на новинарството бидејќи, судејќи по убавите зборови, можеби бар за тоа ќе те бидува!
ЦЕНТРАЛНА КОМИСИЈА ЗА ТУРИЗАМ

извор:ФБ Централна комисија за туризам на ВМРО – ДПМНЕ