Тим предводен од пратеникот Мирче Аџиоски на ВМРО-ДПМНЕ, денес е во посета Пештани, и населените места Елшани и Долно Коњско во Охридскиот регион во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“.
Во рамки на посетата, Аџиоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во Македонија чија што цел на овие посети е да се одржува активна комуникација со граѓаните на кои ќе им укажеме дека сме тука за заеднички да се бориме и да се избориме за подобар живот и за подобар животен стандард.
Аџиоски со неговиот тим и граѓаните констатираа дека Македонија ја води една криминална влада која што државата ја движи во погрешни насоки и дека треба да се слуша гласот на народот затоа што, народот е тој кој што ја одредува патеката на движење на една држава, а не една мала група криминални политичари кои што се спремни на се, само да останат на власт и да продолжат да крадат.
Аџиоски посочи дека од самиот почеток од контактите со луѓето се гледа дека незадоволството на граѓаните од централната власт и од нивната негрижа за нивните потреби и незаинтересираноста за подобрување на нивните услови за живот е големо, при што Охрид и целиот охридски регион, како македонски туристички центар, е најзасегнат од нивното неработење затоа што не може да се развива туризмот без добра патна инфраструктура.
Веќе шест години се на власт, а изградбата на автопатот Кичево – Охрид не до никаде за сега да зафатат со нова автопатска делница за која уште непочната со реализација секојдневно на површина излегуваат криминални зделки.
„Автопатот Кичево – Охрид на шест години од нивното доаѓање на власт, гледаме дека нема никаква реализација на истиот и прашање е дали ќе се заврши овој автопат за кој што се потрошија 600 милиони евра. А, дополнително на ова и новиот проект за автопатиштата кој уште непочнат заглави во криминал и корупција и за кој секојдневно излегуваат на површина криминалните зделки на Артан Груби и на Димитар Ковачевски. Уште непочнат овој проект, гледаме дека владата исплатила 120 милиони евра пенали на изведувачот а оваа сума секако ќе биде, можеби и многу поголема затоа што се неспособни и не знаат ад работат“, рече Аџиоски.
Одговор за сето ова, потенцираше Аџиоски, се промените и оваа власт конечно да замине и затоа нашата борба е да ја обновиме Македонија, промените да победат за подобра иднина, Македонија за сите.
извор: ВМРО ДПМНЕ