Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми преку постапка за јавна набавка, спроведе демонтажа и монтажа на нови ПВЦ прозори и врати на управната зграда во подружницата Галичица од Охрид. Инвестицијата е вредна 400.000,00 денари, исклучиво од сопствени средства и е во делот на реконструкција на објекти во сопственост на Јавното претпријатие.
Адаптацијата на управната зграда во Охрид е уште еден реконструиран објект во сопственост на претпријатието.
Со оваа адаптација ќе се подобрат условите за работа на вработените, како и квалитетот на работната средина во управната зграда, која се реконструира после подолг временски период.
Инвестиционите вложувања продолжуваат и во останатите подружници.