Уште неколку дена останаа до завршување на активностите од овогодинешниот циклус Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) во кој преку 50 млади од Клубот на млади на Црвен крст Охрид изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во нашата заедница.
Една од ПХВ групите на вредни и хумани младинци која работи со деца со попреченост организира настан-парада под мотото „ПЕРФЕКТНО РАЗЛИЧНИ“. Парадата ќе се реализира во недела, 30 април, со старт во 12 ч. од плоштадот Крушевска Република-Чинар. На парадата можат да учествуваат сите заинтересирани наши сограѓани, кои заедно со лицата со попречености ќе парадираат низ охридската чаршија за на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски поминат на, за оваа прилика поставениот „црвен тепих“ и продолжат со дружење и забава со лицата со хендикеп.
Ве очекуваме во недела, сите заедно да упатиме силна порака и покажеме дека различностите зближуваат.
Црвен крст Охрид