Денес 24 април се навршуваат 118 години од смртта на големиот охридски револуционер Христо Узунов.
По тој повод утрото пред спомен бистата на овој револуционер своја пригодна програма подготвија учениците од основното училиште „Христо Узунов“а потоа делегации од општината, политички партии, здруженија на граѓани положоја свежо цвеќе.