АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Јато фламинга во прелет над Охридското езеро

Големо јато на фламинга денеска беше забележано на крајбрежјето на Охридското езеро.

Туристите денеска можеа да уживаат во оваа посебна глетка која е несекојдневна особено во нашата земја.

Фламингата  беа во голем број, а дали „залутале“ или пак новиот дом го пронашле токму во Охрид засега останува нејасно.

Инаку ова не е првпат да се појават фламинго во Македонија, пред две години во Преспа исто така беа забележани розови фламинго во Преспанското езеро.

 

kurir.mk