Ова е цврст отпад кој што нашите работници го исчистија при вонредна активност за чистење на ревизионни шахти на улицата Даме Груев.
Повеќе пати сме апелирале за совесно постапување со цврстиот отпад и правилно депонирање на истиот, но совеста нее на наша страна. Ваквото третирање на цврстиот отпад од страна на граѓаните и правните лица при вршење на градежни работи доведува до запушување на канализационните линии кое пак се рефлектира на нормалното третирање на отпадните води и појава на дефекти. Освен загрозување на здравјето на луѓето и животната средина повлекува и големи матерјални трошоци за санирање на истите кое пак од друга страна значи и кратење на некои планирани инвестиции во инфраструктурата.
Повторно како јавно претпријатие испраќаме апел до граѓаните да обрнат поголемо внимание при складирање на цврстиот отпад како и помош од ваша страна како наши партнери доколку забележите вакви појави на вашите улици евидентирајте ги испратете на нашата ФБ страна па така заедно да придонесеме за поубав и почист град..