среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков до верниците со католичка вероисповед: Празникот да го поминете во мир благосостојба и среќа!

Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и среќа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:

Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.
Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!

Извор: ФБ Кирил Пецаков