Заедно со охридските книжевни автори, гости од Холандија, како заменик-градоначалник на Охрид ми беше чест што во ,,Култура 365”, на покана од фамилијата, се потсетивме на делото и придонесот на рано починатиот Мишо Јузмески – писател, фотограф, културен и туристички работник, научен истражувач, публицист, надарен полиглот…
Во рамките на ,,Култура 365”, Јузмески, во 2011 година, ја отвори Спомен-собата со постојна поставка на фотографии, оригинални публикувани дела и извадоци од книгите на холандскиот писател А. ден Долард, пишува во војата објава на ФБ , заменик градоначалникот Перчо Божиновски.