понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Тешка сообрајна незгода кај Горенци,патничко возило излетало од патот – загина едно лице

На 11.03.2023 во 15,15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 69 годишен охриѓанец излетало од коловозот. По несреќата, возачот и 72 годишнавата сопатничката  од Охрид биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката  кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“, им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

извор: СВР Охрид