За безмалку половина милион евра,државата го издаде под концесија Охридското езеро.Иако од министерството за земјоделство не откриваат кој ќе стопанисува со Охридско во наредните 6 години, за која фирма станува збор,кога е регистрирана и кој стои зад неа, станува збор за извесна струшка фирма “Еко Свет К-21” која на вчерашното јавно наддавање ја доби концесијата за Охридското езеро за сума од фантастични 400.000 евра. Ова е највисоката сума откако езерото се дава под коцесија и покрај апелите на природонаучниците Охридското од двете страни на езерото да не се издава под концесија најмалку 10 години.
Она за кое што ние се залагаме е пред се’ интегрирано управување на езерото каде што двете држави со своите технички експерти ќе седнат ќе напрат проценка на рибниот фонд,ама реална проценка која што не е направена одамна.Од кога не е направена? Зависи од тоа колку науката е присутна на езерото,колку има сретства да ја следи состојбата.За жал последниве 2 децении ние имаме само инциденти сознанија, а не преманентни, коментира ЗОРАН СПИРКОСКИ-Хидродиолошки Завод Охрид.
Стопанисувањето со езерото е вносен бизнис преку кој се перат дебели пари,отворено кажуваат рибарите.Државата не смее како што тоа беше до сега,да им го дава в раце Охридско на луѓе кои единствено водат сметка само за приходот кој го остваруваат стопанисувајќи со езерото,не водејќи грижа за заштитата на рибната популација.
Државата иако е должна, таа не се грижи за Охридско езеро и затоа владее хаос и ќе продолжи и понатака да владее хаос ако не и се дозволи на некоја научна установа или на македонската риболовна федерација да управува со тие риболовни води.Еве имавме искуство од претходните концесионери тој на пример, пријавуваше дека за 5 години уловил од 400 до 500 кг пастрмка потенцира РАДОВАН ДИМИТРИЕСКИ-здружение “Рибарски приказни”.
Охридското езеро 4 години е без стопан, никој не се грижи за зачувување на рибниот фонд-напротив се врши масовно рибокрадење, а никој до сега не одговарал за недозволен риболов, иако тоа е кривчно дело според член 229 од кривичниот законик.
Таа слика ние што ја гледаме додека нуркаме и го забележуваме ова е навистина трагична, рибите се заглавени во мрежите дури и со денови не можат да се хранат и не можат да се репродуцираат.Имаше мислам дури како завеси огромни дури на 40 метри длабочина имаше голем број на мрежи кои многу беше тешко да се отстранат вели ЈОВАН СЕКУЛОСКИ-Н.Ц. “ Амфора”.
Спортските риболовци гневни, ендемичните видови риба пастрмката и белвицата се пред истребување велат и треба да се стават на црвената европска и светска листа на загрозени. Згора на тоа,наводно поради технички недостатоци, 5 година по ред не се врши нити вештачко порибување на езерото.
alfa.mk