,,ЦРКВАТА ДА ОД**БЕ” е само одраз на твојата (не)култура, благо речено. Толку ти е капацитетот и тебе и на тие што те поддржуваат.
И НЕМА ДА МОЖЕ тоа да го кажуваш од името на сите ЖЕНИ. Ти да од**беш сосе истомислениците, поубаво општество ќе имаме, напиша на својот ФБ профил актерката марија Новак.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Црквата тебе ништо не ти згрешила.
А за Господ ич муабет не правам: под Негово сонце се грееш, Негов воздух дишеш, Негова вода пиеш и храна јадеш, со Негова сила постоиш и се движиш, Тој те чува додека спиеш, ти дава здив и ти го чука срцето додека си во безсознание и немаш никаква контрола врз својот живот, а може пред да трепнеш да те згмечи. Ама не, решил уште малку да (те) потрпи.
Тој те има со љубов оформено во утробата на твојата мајка жена, те познава и повикува по име и те чека да созрееш, да прекинеш со тресење глупости и да се свртиш кон Него во покајание. Па ќе видиш тогаш што е убавина и вистинска слобода во Христа.
Извор: ФБ Марија Новак