По голема борба, Охрид загуби од Алкалоид во „Билјанини извори“. Гостите славеа 26:32, полувреме 14:14.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Дејан Шешиќ со 6 гола, Дрогришки и Бојаниќ постигнаа по 5, Каракоч – 4, Цирар – 3, Тасески, Рустамов и Вјештица по 1. Најефикасен кај Алкалоид беше Костадин Петров со 5 гола.
До крај на плеј оф-от остануваат уште 10 кола.