АктуелноСвет

Бајден опериран од рак: Докторот ја откри здравствената состојба на американскиот претседател

Биопсијата на американскиот претседател Џо Бајден во февруари потврди дека тој има карцином на базалните клетки, а целото канцерогено ткиво е успешно отстрането, објави денеска лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор, пренесува Ројтерс.

 

Бајден ќе продолжи со дерматолошкиот мониторинг како дел од тековната здравствена заштита, но местото на биопсија е заздравено и не е потребен дополнителен третман, додаде О’Конор.

 

„Бајден сега е здрав и во добра форма“, заклучил докторот.

 

Овие клетки се меѓу најчестите форми на рак, за кои се вели дека лесно се лекуваат, особено кога се откриваат во рана фаза.

Според неговиот лекар, Бајден поминувал многу време на сонце кога бил млад.

 

Минатиот месец по лекарски преглед беше потврдено дека Бајден (80) е здрав и „способен за должност“.

 

nova.rs