ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54 годишен жител од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на катарстарска парцела во Струга во државна сопственост, без одобрение од надлежен државен орган, поставил обележја и симболи на општина Струга и просторот го адаптирал за паркинг простор.
извор: СВР Охрид