„На денешната маратонска седница продолжуваме со дискусиите за разрешување на министерот без ресор, задолжен за дијаспората Џемаил Чупи од Алтернатива. Но, и за овој министер како и за претходните не слушнавме во експозето образложенија за нивните разрешувања. Досега немаме никаква информација од Владата за неговата работа и активност така да не знаеме што сработил, доколку нешто сработил“, истакна Грација Бакраческа, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Бакраческа додаде дека јасно е дека ова коалицирање е да се обезбеди какво такво мнозинство за одржување на оваа климава Влада и обезбедување на позиции. А, тендерите и провизиите се факторот на помирување
„Но, со напуштање на партнерот Алтернатива и не давање на поддршката од Демократскиот сојуз им се изјалови пазарот и математиките, партиските пазари, и промена на челни позиции не поради тоа што досегашните имаат добри или лоши резултати туку поради тоа што така се испазариле“, рече пратеничката.
Таа посочи дека наместо квалитетен кадар се има партиски послушници.
„Сите говорници од опозицијата истакнаа дека новокомпонираната Влада ќе биде со краток рок од неколку месеци најмногу до година“, нагласи Бакраческа.
извор: ВМРО ДПМНЕ